Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ( 21 – 27 ЈАНУАРИ, 2019)

Стрелец

Често го анализирате својот љубовен живот и имате впечаток дека полека се „одалечувате“ од саканата личност. Не сакате некој да ги изневери вашите чувства или да донесе непромислена  одлука за заеднички живот. Важно ви е повторно да ја почувствувате наклонетоста на партнерот и взаемната доверба. Потребо ви е ново соодветно решение.

Среќен ден: Четврток

Јарец

Се наоѓате во сјајна психо-физичка форма, вашите соработници очекуваат да делувате многу успешно или над просечните мерила. Ви импонира сознанието дека околината има доволно доверба во вашите професионални способности. Добрата работна стратегија и прецизите потези претставуваат гаранција за долгорочен успех. Сепак, постојат ситуации кои не зависат од вашата волја.

Среќен ден: Понеделник

Водолија

Посакувате поголема емотивна слобода или можност да ги остварите своите намери, но моменталните случувања не одат секогаш во саканиот правец. Не можете лесно да промените нечија одлука или да влијаете на однесувањето на партнерот.

Среќен ден: Недела

Риби

Упорно се обидувате да се наметнете како авторитативна личост, пред личност која добро го познава вашиот карактер, доблести или слабости. Делувате таинствено и важно ви е да влезете во нечија љубовна трага. Не можете лесно да го протолкувате партнеровото однесување и не сакате да ризикувате во емотивниот однос. Потпрете се на своите чувства.

Среќен ден: Среда

1 2 3

Прегледи:
946
Ознаки:
·
Објавено на:
21.01.2019