Стрелец
Во себе имате доволно позитивна енергија која ќе ви помогне во сите работни ситуации. Неделава, како и наредната, се најавуваат убави деловни промени, а слично е и на финансиско поле, каде што ве заштитува Венера. Ви се овозможува добра финансиска промена, ако сте спремни да учествувате во сите активности кои ви наидуваат. Доколку не сте во врска, за време на викендот ве очекуваат многу изненадувања.
Среќен ден: Сабота
Јарец
Премногу се грижите за својата финансиска иднина, што ве блокира и ви носи немир. Обидете се да се релаксирате малку по овие прашања и ќе имате поддршка од Венера која се наоѓа во вашето соѕвездие. Самиот влез на Венера во вашето соѕвездие говори дека се вртите повеќе кон себе и своите задоволства. Јасно сте при комуникацијата и истото го очекувате и од другите околу вас. Вашиот брак или врска се во одличен период штом сите тешкотии можат да се преминат преку договор и разговор.
Среќен ден: Понеделник
Водолија
Цела среќа што остварувањата, исто како и грижите доаѓаат преку деловната кариера, па затоа треба да ги елиминирате внатрешните стравови кои веќе некое време ве опседнуваат. Продолжете да бидете упорни во целите, за кратко време ви се враќа среќата ако веќе подолг период сте со проблеми. На пат сте кон добри промени, но само доколку напорно работите на целта. Парите ќе продолжат да ви пристигаат преку саканите личности, а вие не треба да бидете толку таинствени.
Среќен ден: Петок
Риби
Во овој период најважно е да верувате во себе и сопствените способности. Сигурно се присутни извесни потешкотии кои истовремено кај вас будат и силна енергија да се борите за она што го сакате. Секоја упорност ќе биде наградена. Преку здржување, партнерски деловни односи, во овој период можете најдобро да заработите. Деловниот или емотивниот партнер е тој кој што носи решение. Доколку чекате некои пари по судски пат, добрите вести се на пат.
Среќен ден: Недела