Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (23 – 29 АПРИЛ 2018)

Стрелец

Стрелец

Престанете да се оптеретувате со тоа што мислат другите за вашите постапки. Правете го она што мислите дека е исправно и слушајте го вашето срце. Ќе потрошите многу пари средувајќи го вашиот дом, но така барем ќе се чувствувате удобно дома. Држете се што понастрана од оние кои само ви делат комплименти, тие се љубоморни на вашите успеси.

Јарец

Јарец

Секогаш сте биле силни и решителни, па така и овој пат лесно ќе се ослободите од проблемите кои ќе ви се појават. Посветете повеќе внимание на блиските пријатели, бидејќи тие се секогаш тука за вас. Шармот кој го поседувате сѐ повеќе луѓе ќе го приметуваат и тоа ќе биде пресудно за пронаоѓање на нова љубовна романса, или пак за разгорување на старата страст.

Водолија

Водолија

Ве очекува недела исполнета со стрес, па наместо да ги чувате чувствата во себе, кажете им гласно на другите како вие навистина се чувствувате. Можеби некој ќе ви даде некој совет и ќе успеете да решите некој проблем. Можеби ова е неделата во која желбата за патување и запознавање на различни култури ќе ја сфатите сериозно и ќе отпатувате некаде. Не мешајте го партнерот во вашите проблеми, едноставно кажете му колку ви значи.

Риби

Риби

Во неделата која ви претстои можно е да се најдете во неколку ситуации кои нема да се одвиваат онака како што вие сакате. Но, не очајувајте излезете со пријателите и доверете им се. Со добар разговор може да се реши сѐ. Не сте во врска? Оваа недела ќе ви биде полн погодок!

Продолжува на страна:  2  3

1 2 3

Прегледи:
905
Објавено на:
22.04.2018