Лав
Не вртете се назад, имајте позитивни мисли ако сакате полесно да се справите со проблемите. Не преземајте конкретни чекори. Ако успеете да најправите добра стратегија ќе ги насочите активностите на адекватен начин. Добро ќе се чувствувате кога добрите резултати на крајот од неделата ќе ви донесат голема насмевка на лицето.
Среќен ден: Петок
Девица
Повеќето припадници на овој знак ги придвижува желбата за докажување и успех. И самите чувствувате дека се менуваат односите во деловното опкружување, а вие сте тука некаде дали со знаење, или со издржливост. Влеговте во еден подолг период кој ќе доминира и во наредните два месеци кога би требало да го остварите својот деловен сон. Повторно ви се дава можност да добиете подобро работно место или место на кое сте работеле и сте биле задоволни.
Среќен ден: Вторник
Вага
Ви претстои напорна работа но вие не се возбудувате многу за тоа бидејќи ви одговара чувството дека можете да се надминете дури и себеси и подготвени сте да влезете во многу комплицирана работа или да се приклучите во тимот на соработници кои имаат големи побарувања. Имате цел пред себе и сакате по секоја цена да го направите она што сте го планирале, без оглед на која возраст сте и со што се занимавате. Немате многу доверба во некоја Скорпија која често ве критикува.
Среќен ден: Недела
Скорпија
На некого сте му многу драги, тоа може да е една Вага која ќе ви предложи заедничка работа. Иако делувате отворени, всушност прилично сте таинствени кога станува збор за нов бизнис, друштвени врски и сл. Ве нервираат оние кои се сомневаат во вашиот успех, не губете непотребно енергија на нив. Финансиите во овој период ќе бидат вашата најслаба страна.
Среќен ден: Среда