Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ( 26 МАРТ – 01 АПРИЛ, 2018)

Лав

Лав

Посветете повеќе внимание на решавањето на некои актуелни проблеми и финансиски сметки. Во односот со саканата личност провејува доза на взаемна несигурност и неразбирање. Ситуациите кои по ваше мислење изгледаат компликувано, вашиот партнер ги посматра со поинакви очи и има различно гледање или оптимистички прогнози.

Среќен ден: Среда

Девица

Девица

Одложете го потпишувањето на некои спорни документи или финансиски трансакции под сомнителни околности. Во љубовниот живот, нема потреба да се однесувате премногу наметливо и со барања кон саканата личност. Со упорното наметнување на своите ставови или строги правила на однесување, најчесто поттикнувате спротивен ефект.

Среќен ден: Четврток

Вага

Вага

Се наоѓате пред нови работни дилеми и заговарате тимска работа. Околината очекува ефикасни решенија и добро осмислена акција. Поголемиот дел од соработниците сака да се идентификува со заеднички успех и радосно реагира на вашиот повик. Потребно е да воспоставите подобра селекција при изборот на професионалните цели или да ги промените вообичаените критериуми. Во љубовниот живот, важно е да ги сочувате вистинските вредности и искрено да го задоволите својот партнер.

Среќен ден: Понеделник

Скорпија

Скорпија

Потрудете се да бидете ангажирани на различни страни. Сакате на своето семејство и саканата личност да им приредите повеќе радости. Понекогаш е тешко да ги усогласите различните интересирања и афинитети, но во име на заедничката среќа се е можно. Среќата произлегува од внатрешните потреби, убавите мисли и топлите чувства да се споделат и разменат со блиска личност. Препуштете се на своите чувства и емотивна инспирација.

Среќен ден: Петок

 

1 2 3

Прегледи:
843
Објавено на:
25.03.2018