Стрелец
Се наоѓате во креативна фаза и преокупирани сте со различни инфомрации или професионални идеи. Се однесувате како личност која нема време за некои случајни средби или за случувања кои не се вклопуваат во вашата сфера на интересирање. Меѓутоа, со своето енергично однесување кај блиските соработници поттикнувате различни реакции. Во љубовниот живот имате лошо претчувство, реагирате внимателно во ситуации кои можат да ве компромитираат.
Среќен ден: Вторник
Јарец
Кога се наоѓате во проблематична ситуација препуштете на другите да ја преземат главната иницијатива. Доколку чувствувате емотивна несигурност, доволно е да го привлечете вниманието на саканиот на начин кој одоговара на заедничките вкусови и афинитети. Секој има своја слаба точка, размислете на кој начин треба да го анимирате својот партнер.
Среќен ден: Недела
Водолија
Се наоѓате под психолошки притисок, добро ја проценете компелтната ситуација на професионалната сцена и различните можности кои ви стојат на располагање. Важно е да ги сочувате добрите критериуми при средба со соработниците и изборот на работните цели. Долгорочниот успех подразбира вистинска процена на вредностите и почитување на заедничките одлуки.
Среќен ден: Среда
Риби
Добро проценете ги своите професионални можности и услови кои ви стојат на располагање. Во љубовниот дијалог, мудро препуштете на својот партнер одредена доминација или впечаток дека го има „главниот збор“. Избегнувајте ја играта на надмудрување и нови емотивни замки.
Среќен ден: Понеделник