Категории

ПРОВЕРЕТЕ КОЛКУ Е ЈАВЕН ВАШИОТ ПРОФИЛ НА ФЕЈСБУК

Stalkscan“ е морничавото име на веб страницата која им овозможува на луѓето да внесат „URL“ од профил на „Facebook“ и да ги видат сите јавни информации за тој профил.

Веб страницата е добар потсетник за да си ги проверувате опциите за приватност постојано. Секогаш можете да си го видите сопствениот профил како да сте друга личност доколку на менито кој е на десната горна страна од вашиот профил кликнете „view as“. Опцијата ќе ви покаже како изгледа вашиот профил дури и кога е набљудуван од страна на некој кој не ви е пријател.

Веб страницата не потсетува и редовно да ги читаме апдејтите кои се појавуваат секој пат кога социјалната мрежа ја менува полисата за приватност.

Прегледи:
565
Објавено на:
25.02.2017