Категории

Први фотографии од очекуваниот Galaxy S7

Според тоа што може да се види од најновите и први вистински, а не само рендер слики, Galaxy S7 ќе има две верзии, од кои едната е стандардна со 5 инчен Super AMOLED Quad HD дисплеј, а вториот модел ќе биде Galaxy S7 Plus со поголем екран, најверојатно од 5.7 инчи со истата технологија и резолуција.

Визуелно кај Galaxy S7 не е сменето речиси ништо во однос на претходниот модел и нема голема иновација во дизајнот што може да биде негативно прифатено кај фановите.

Во однос на конфигурацијата има многу подобрувања, како избор на Snapdragon 820 или Exynos 8890 процесори, 4 GB RAM, 64 GB меморија, нова и подобрена 12 мегапикселна камера и поиздржлива батерија.

Промоцијата на Galaxy S7 и Galaxy S7 Plus ќе се одржи на 21 февруари со големо шоу, па тогаш ќе бидат познати сите детали, како и можни изненадувања.

Прегледи:
351
Категории:
Технологија
Објавено на:
02.02.2016