Категории

Првиот европски подводен ресторан

На многумина овој ресторан ќе им биде остварување на сонот.

Лоциран во Норвешка, веќе во изградба, овој ресторан во близина на селото Båly иако не е пионер во светот, сепак е прв подводен ресторан на Европскиот континет. Проектот го носи името Under, а зад него стои архитектонската фирма Snøhetta.

Просторот е посветен на норвешкото крајбрежје и е опкружен со природа, воедно ќе служи како крајбрежен истражувачки центар. Иако досега сме виделе вакви ресторани, тие вообичаено биле во тропските предели, каде има топла клина, Under е уникатна можност да се види дното на ледените нордиски води. Половина од објектот е под вода, а структурата има ѕид со широчина од 1 метар.

Составен од три нивоа, најгоре се наоѓа гардероба, а ниво подолу се наоѓа шампањски бар. Тука започнува транзицијата од земја во вода, која се гледа преку позорците, а долното ниво е местото каде се ужива во убава храна.