Првиот впечаток е важен и тешко се менува.
Се вели дека првиот впечаток никогаш не лаже. А всушност ние за кратко време ги проценуваме другите луѓе а потоа нашето мислење за нив тешко го променуваме. Психијатрите велат дека ни се потребни само 7 секунди после запознавањето да создадеме впечаток за некоја личност. А за да процениме некои нешта, потребно е дури и помалку.
Доверливост
Десеттина од секунда е доволна да процениме дали можеме да му веруваме неколку. Било спроведено истражување помеѓу студенти и изгледало вака: Една група имала 100 милисекунди да ја оцени привлечноста, агресивноста, симпатичноста и доверливоста и уште некои особини на лицето на актерите додека другата група не била временски ограничена.
Размислувајќи за карактеристиките, на некои им било потребно повеќе, а на некои помалку време, освен кога во прашање била доверливоста – и двете групи го процениле тоа во ист временски рок.
Финансиска состојба
Статусот најмногу го открива облеката која ја носите: истражувачите открија дека луѓето кои носат брендирана облека (Lacoste, Tommy Hilfiger) биле доживувани како „богати“.
Сексуална ориентација
Дали сте знаеле дека е потребна само една секунда за да ја процениме туѓата сексуална оринетација на основа на гестовите, погледите, мимиките и држењето – тврдат стручњаците.
Интелигенција
Дали некој ќе ве доживее како интелигентна личност, може да зависи од вашиот начин на комуникација како и од „контактот со очите“ во текот на разговорите. Контактот со очите е важен затоа што дава впечаток на интелигентна личност а најспособните помеѓу нас знаат тоа да го искористат и да го претворат во своја предност.
Склоност кон промискуитет
Една студија покажала дека Британција поинаку ги доживуваат жените со тетоважи: ги сметаат за помалку привлечни и промискуитетни од припадничките на понежниот пол чија кожа не е „украсена“ со цртежи.
Доминантност
Иако многу мажи очајуваат поради губењето на косата, студија на Универзитетот во Пенсилванија покажа дека нема причина за тага – ќелавите мажи се окарактеризирани како подоминантни од оние кои имаат коса.
Авантуристички дух
Изгледот не е единственото кое луѓето го „меркаат“ – некои впечатоци се создаваат од начинот на кој се движите. Луѓето кои одат поопуштено ги доживуваме како поотворени и посклони кон авантури.