Категории

Психолозите откриваат – Љубовните врски траат 5 години

„Љубовта живее три години“, дали се сеќавате на познатат теорија во истоимениот роман на популарниот француски писател Фредерик Бегбеде?

„Максимално 5!“ – вели Рафаел Сантадре, познат шпански психолог и автор на признатата книга „Како да не го претвориш својот живот во ноќна мора“. Спрема истражувањето, во современиот свет повеќе нема потреба за долги врски. Жената не зависи од мажот, може да се издржува и е способна да има онолку романси колку што сака, а и мажот исто така.

Застарената традиција – се венчаваат и живеат заедно со смртта.
Шпанскиот психолошки гуру вели: „Не треба да се врзувате за бракот“. Всушност, љубовта ќе се исцрпи до крајот на третата година (кога „хемијата“ потполно ќе исчезне од врската). Максимум во здравите врски во кои се чувствувате среќни, ќе исчезне за пет години – така вели Рафаел.

Психологот посматрал неколку парови во текот на годините и анализирал различни искуства во нивните врски и дошол до заклучок дека оние кои создавале нова зедница на секои 5 години биле посреќни. Значи можеме да бидеме среќни со една личност 5 години, а потоа односот ќе се влоши.
Со текот на времето апсолутно сите љубовни односи ја губат ведрината – вели психологот.