Категории

Рабиндранат Тагоре: Ниеден народ не може да се спаси одвојувајќи се од другите. Или се спасуваме или пропаѓаме заедно

Рабиндранат Тагоре бил индиски книжевник, драматург и филозоф. Растен во богато и образовано семејство, образованието го завршил во Англија. Ги прифатил сфаќањата од Западот, вклучувајќи ги и политичките, го отфрлил материјализмот и прагматизмот, држејќи се на темелите на универзалниот морал и културен идентитет.

Ова се најпознатите негови мудрости:

  • Бистрата река на разумот не го губи својот пат во сувиот песок на навиките.
  • На цивилизацијата не смееме да и судиме и да ја цениме според тоа колкава моќ остварила, туку колкава љубов кон човекот искажала преку своите закони и дела.
  • Човекот од оружјето созаде свој Бог. И кога оружјето ќе победи, човекот останува поразен.
  • До вистината можеме да дојдеме само ако имаме слобода да грешиме.
  • Кога ќе стане животно, човекот е полош од животните.
  • Водата во сад е бистра, водата во морските длабочини е темна. Малата вистина има зборови кои се јасни. Големата вистина има своја тишина.
  • Мажите знаат само да мислат. Жените имаат свој начин на разбирање, а да не мислат.
  • Несовршенството не е негација на совршенството, конечноста не ја порекнува бесконечноста. Тоа значи само дека целината се искажува во делови, а бескрајот се открива во границите.
  • Ниеден народ не може да се спаси одвојувајќи се од другите. Или се спасуваме заедно, или заедно пропаѓаме.
  • Ништо не е полесно од тоа во име на надворешната слобода да ја уништиме внатрешната слобода на човекот.
  • Оние кои учат, а не го применуваат своето знаење, слични се на селанецот кој ора, а не сее.
  • Она што ни е потребно за да бидеме слободни е љубов, таа има сила со радост да го носи бремето на светот.
  • Само она што го правиме од љубов го правиме слободно, без разлика колку патење произлегува од него.
  • Во љубовта исчезнуваат сите животни спротивности.
  • Големата Божја моќ е во пријатниот ветар, а не во бурите.
  • Големите срца сакаат, малите бараат да бидат сакани.
  • Ако им затвориш врата на сите грешки, ќе и ја затвориш вратата и на вистината.
Прегледи:
407
Објавено на:
23.11.2021