Категории

Работи кои никогаш не треба да ги направите поради маж

Ако сакате вашата врска да биде полна со љубов и разбирање, императив е во тој однос да го одржите своето јас. Треба да бидете искрени со партнерот, отворени и спремни за компромис, но никогаш не потклекнувајте на неговото влијание за потполно да се промените!

Нема место за површност во врската и партнерот треба да ве сака само какви што сте. Затоа, неговите забелешки за вашиот стил, изглед и други површни мали нешта се непотребни и не треба да бидат усвоени.

Постојат неколку работи што никогаш не треба да ги правите во врската со вашиот партнер и неговите непотребни коментари:

Диета

Одлуката да јадете здраво, да ја намалите телесната тежина или да го преобликувате вашето тело, треба да ја донесете заради ваша корист, а не да импресионирате маж!

Да ги заборавите пријателите

Ако вашиот партнер инсистира да ги запоставите вашите пријатели и да го насочите сето свое внимание кон него, тогаш слободно објаснете му го тоа дека вашите пријателства нема да бидат доведени во прашање. Ако тој не верува во машко-женски пријателства, тоа е само негова работа. Треба да го задржите вашиот став за дружење со вашите пријатели, затоа што тие биле во вашиот живот долго пред а можеби ќе останат и после него.

Жртвување на кариерата

Не морате да бирате помеѓу врска и кариера. Ако тој има забелешки за вашите деловни одговорности, преиспитајте ја вашата врска уште еднаш. Човекот кој ве сака, мора да ве поддржува во работата што ја сакате, како и во сите други важни одлуки и избори.

Промена на стил

Вашиот стил е ваша работа и тој мора да го прифати. Ако му се допаѓа начинот на кој изгледате, кога многу ќе се “дотерате“, можете да го изненадувате повремено, но никогаш по негово барање. Сигурно ни вие не треба да го барате тоа од него.

Промена на вашата фризура

Тој сака русокоси и вие сте црна? Тој сака долга коса, а твојата е кратка? И покрај сето ова, тој те одбрал. Ако се обиде да ве убеди да го смените изгледот заради него, веднаш дајте му до знаење дека тоа ќе го направите само кога вие ќе посакате.

Прегледи:
545
Објавено на:
05.09.2019