Категории

Разбивање на скопската монотонија со стенд-ап шоу на популарниот сараевски актер Ѓуро

Популарниот и наградуван сараевски актер, режисер, хуморист, „надреалиста“- со еден збор, човекот институција Бранко Ѓуриќ- Ѓуро, лично ја кани македонската публика на своето стенд-ап шоу, „Ѓурологија“. Ѓуро доаѓа во Скопје да ја разбие целата монотонија, и тоа со две ексклузивни шоуа, на 05 и 06 јуни во Македонската Опера и Балет.

Со босански шарм и долгогодишно актерско искуство, кое посебно се истакна во култниот проект „Топ листа надреалиста“, публиката дефинитивно ќе ужива во претставата „Ѓурологија“.

Бранко Ѓуриќ- Ѓуро секогаш е актуелен и забавен, па по повеќе од две децениската кариера се чини дека дури и не мора да направи нешто ново- тука се: „Топ листа надреалиста“, легендарните стари филмови, хитовите на „Бомбај штампа“… Иако самиот вели дека квалитетот на хуморот не е променет, туку луѓето денес поретко се смеат, со својот нов хит „Ѓурологија“ тој го покори регионот со смеењето како значајна терапија против суровото секојдневие.

Билетите за „Ѓурологија“ се` уште се во продажба и можат да се набават преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон, како и онлајн.

Прегледи:
481
Објавено на:
15.05.2017