Shaun Mckenzie е уметник кој создава хиперреалистични цртежи, користејќи само дрвени боици. На социјалните медиуми е познат како Neeyellow Art и веќе е доста следен.
Shaun обично црта познати личности, Јутјубери, дури и ликови од филмови. Користи Faber-Castell боици на Stonehenge хартија за да ги создаде неговите портрети. Обично му се потребни од 60 до 80 часа за да заврши еден цртеж, во зависност од техниката која ја користи. Тешко е да се поверува дека овие цртежи не се фотографии!