Категории

Реченици кои треба често да ги кажувате во 2018 година

Уште точно еден месец и 2018 година ќе пристигне. За некого 2017 година беше исполнета со многу патувања, нови познанства и убави моменти. За други, ова беше тажна година година, па дури и несреќна.

Затоа, време е да размислите за својот живот и да донесете одлука како ќе го направите подобар во годината што доаѓа.

Можете почесто да разговарате со други луѓе, да ја признаете направената грешка, да се извините, да се мотивирате да бидете подобро во извршување на работите и многу други работи.

Во прилог ви даваме неколку реченици кои треба често да ги повторувате во 2018 година

– „Жал ми е, моја вина беше.“

– „Јас не сум одговорен за ужасното однесување на таа личност.“

– „Врската не ми го разубавува животот, па затоа избирам да ѝ ставам крај.“

– „Да, те молам.“

– „Не, благодарам.“

– „Овој период е тежок, но што можам да научам од него?“

– „Оваа убава фаза е привремена, ајде да уживам максимално во неа“

– „Никој не може да ми каже кој сум, освен јас.“

– „Среќен сум што пронајде среќа, дури и без мене.“

– „Заслужувам да ја пронајдам среќата сам/а/.“

– „Дали минувам доволно време во негување на себеси?“

– „Изгледам прекрасно денес.“

– „Многу сум паметен, но имам уште многу работи да научам.“

– „Оваа болка ме научи добра лекција.“

– „Ова е премногу за мене во моментов. Во ред е да побарам помош.“

– „Никој не може да биде совршен“

– „Сè што треба да носам со себе од минатото се добрите спомени и научените лекции.“

– „Мојот живот е прекраток за да чекам некој да ме засака.“

– „Не го правам ова затоа што морам, го правам затоа што сакам.“

Прегледи:
475
Објавено на:
01.12.2017