Категории

Ремиксот на Cyrillic за евровизиската Proud објавен на најголемиот музички канал за deep house музика

Откако пред неколку недели македонскиот бенд Cyrillic направи ремикс на евровизиката песна Proud, што во Тел Авив ја пееше Тамара Тодевска, песната сега е објавена и на YouTube каналот CDeep, еден од најголемите музички канали специјализирани за deep house музика.

Ремиксот на баладата, чии автори се Дарко Димитров, Роберт Билбилов и Лазар Цветкоски, на текст на Коста Петров, звучи сосема поинаку од оригиналната песна, која заврши на првото место според гласовите на стручното жири на „Евросонг“. Фановите на deep house музиката, воодушевени од звукот, ја опишуваат оваа верзија на Proud како „вистинско освежување“ и „летен хит“. Песната за неполни 24 часа има скоро 19.000 прегледи на YouTube.

Освен со ремиксот на евровизиската песна на Тамара и песната „Доволни“ во соработка со Валери, Cyrillic се актуелни со настапите секоја недела низ Македонија. Тие во моментов работат на нов материјал, а најавуваат и учество на неколку фестивали.

Прегледи:
558
Објавено на:
25.06.2019