Категории

Ретко кој ја знае тажната љубовна приказна позади статуата балерина во Будва

Ако некогаш сте ја посетиле Будва тогаш сигурно сте ја виделе – излиена во бронза, секогаш во ист став, со децении стои на брегот но и во себе крие една интересна локална легенда.

Нема турист кој ја посетил Будва а не се фотографирал покрај „Балерината“, скулптура која веќе со децении стои на почетокот на плажата Могрен.

Скулптурата која стана симбол на Будва е всушност дело на белградскиот вајар Градимир Алексич и на тоа место се наоѓа од 1965 година. Моделот за скулптура била Олга Каливода од Нови Сад, атлетичарка и член на новосадскиот Атлетски клуб „Војводина“ која во овој миг имала само 14 години.

Интересен е и податокот дека уметникот при изработката на ова дело излил неколку модели, па балерината можела да се види и во Пионскиот парк во Белград а и уште во неколку паркови низ бивша Југославија.

Сепак, онаа во Будва останала најпозната.

На тоа верување допринела и една локална легенда.
Инспирацијата за скултурата на Алексич наводно била приказна за девојка и морнар од крајот кои многу се сакале но немале пари да почнат заеднички живот. Тој затоа испловил на далечен пат кој требал да му донесе многу пари, а таа ветила дека ќе го чека.
И таа останала верна. Секој ден одела на брегот на кој најдобро се гледа отвореното море исчекувајќи во надеж дека на хоризонтот ќе се појави брод на кој ќе се врати нејзиниот сакан.

Тоа никогаш не се догодило и никој во Будва не слушнал што му се случило на храбриот морнар. Неговата љубена чекала со години се додека еден ден жителите не ја начекале мртва на брегот. Приказната вели дека тоа е истото место каде што денес се наоѓа „Балерината“.

 

Прегледи:
1112
Објавено на:
30.10.2021