Категории

Ретко семејно богатство: Четири идентични сестрички во неодолива фотосесија

Малите сестрички Абигејл, Мекајла, Грејс и Емили нè освоија со својата прва фотосесија пред повеќе од еден месец, а сега повторно мамат насмевки и слатки воздишки со нови неодоливи фотографии.

Сестричките од Канада се зачнати по природен пат. Нивната мајка Бетани се породила со царски рез во 33. недела од бременоста. Иако се родени предвреме, малите девојчиња се во добра здравствена состојба и одлично напредуваат.

02

Бетани вели дека не е лесно да се растат четири новороденчиња, но дека сето тоа ја исполнува. „Го оставам едното и другото започнува да плаче, потоа го земам тоа, а трето започнува да плаче. Најдоброто нешто на тоа да имаш 4 бебиња е што знаеш дека кога ќе пораснат, ќе си бидат најдобри пријателки“ – објаснува таа.

Шансите да биде зачната четворка по природен пат се многу мали. Всушност, се смета дека во светот постојат само 70 идентични четворки.

03

04

05

Прегледи:
417
Објавено на:
02.09.2016