Категории

РЕЦЕПТ: Ароматичен зимски колач со ѓумбир и моркови

Овој колач е одличен десерт за студените зимски денови.

Сега додека поминувате повеќе време во домовите е вистинско време да испробаме некој посебен рецепт. Овој колач од ѓумбир и морков секако треба да се најде на вашиот попис. Ако сакате ароматични колачи, тогаш овој рецепт сигурно ќе ви се допадне.

СОСТОЈКИ:

  • 500 гр. моркови
  • 100 гр. кандирани парчиња ѓумбир
  • 350 гр. брашно
  • 1 лажичка вински прашок за пециво
  • ½ лажичка сода бикарбона
  • ½ лажичка морска сол (фина)
  • 150 гр. лешници
  • 4 јајца
  • 200 гр. шеќер
  • 300 мл. сончогледово масло
  • 1 лажичка шеќер во прав


ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Добро изрендајте ги морковите, ситно исецкајте го ѓумбирот. Измешајте го брашното, прашокот за пециво, сода бикарбона, сол, ѓумбирот и морковите. Издробете ги лешниците на ситни парчиња.
Измешајте ги јајцата и шеќерот се додека не настане густа, кремаста смеса. Потоа полека додадете масло и матете уште минута. Додадете ја и имешавината со ѓумбир и моркови и додадете ги исецканите лешници.
Излијте ја смесата во калап и печете 45 минути.
Извадете го колачот и оставете го да се излади. Потоа декорирајте го по желба.

Прегледи:
590
Објавено на:
10.11.2020