Категории

Рецепт кој ќе ве воодушеви: Чизкејк кој се прави за 20 минути! (ВИДЕО)

Чизкејкот за многу луѓе е омилениот десерт, а неговата предност е лесната текстура која не го оптеретува желудникот. Еве еден одличен рецепт за овој освежителен десерт, за чија подготовка ви се потребни дваесетина минути. Дури и не мора да ја вклучувате рерната.

Состојки:

  • 300 гр кекс
  • 150 гр путер
  • изрендана кора од еден портокал
  • малку сок од портокал
  • 360 гр крем сир (или свежо сирење, во зависност од тоа што повеќе сакате да користите во торта)
  • 150 гр шеќер во прав
  • 300 мл слатка павлака
  • 300 гр чоколадо со портокал
  • неколку парчиња портокал

Подготовка:

  • Кексот ставете го во сад, на хартија за печење и издробете го.
  • Потоа изрендајте една кора од портокал која пред тоа добро сте ја измиле и измешајте ја заедно со кексот.
  • Во смесата додадете го сокот од портокал.
  • На слаб оган стопете го путерот и додадете го во смесата и добро мешајте додека не добиете соединета смеса.
  • Потоа таа смеса префрлете ја во садот за печење кој сте го прекриле со хартија за печење.
  • Ставете се заедно во фрижидер околу 20-тина минути, а за тоа време подгответе го кремот.
  • Стопете го чоколадото со портокал, а откако ќе се стопи оставете го малку да отстои.
  • Потоа, помешајте го крем сирот и шеќерот во прав, а во посебна чинија истурете ја слатката павлака.
  • Додадете ја павлаката во мешавината од шеќер и сирење, а потоа додадете го и стопеното чоколадо, па сето тоа убаво промешајте го додека не добиете чоколадна крема.
  • Кремата ставете ја на оладената подлога од кексот и рамномерно распределете ја.
  • Готовиот чизкејк ставете го во фрижидер околу 5 часа, или во замрзнувач 1 час, доколку не сакате да чекате долго.
  • Кога десертот ќе се олади, одозгора изрендајте чоколадо и украсете ги парчињата со изрендана кора од портокал, по желба.
Прегледи:
1615
Објавено на:
14.03.2018