Категории

РЕЦЕПТ: Колачи со ореви кои најдобро одат со црно кафе

Вкусни колачи со ореви кои ќе одат совршено со вашето омилено црно кафе.

Доколку сте љубител на јаткасти плодови, особено на ореви, тогаш овие колачи се идеален избор на десерт за вас.

СОСТОЈКИ:

  • 2 белки
  • 250 гр шеќер во прав
  • 200 гр сецкани ореви
  • 300 гр мелени ореви
  • 1/4 сок од еден лимон

ПОДГОТОВКА:

Овие колачи се прават многу брзо, важно е да ги надгледувате додека печете, бидејќи тие можат брзо да добијат посилна боја и да се исушат премногу. Времето за печење зависи од вашата рерна.

Изматете ги белките додека не добиете густа бела смеса. Додадете малку шеќер во белките и мешајте додека не добиете уште погуста маса. На крај, додадете мелени ореви и сок од лимон (не дозволувајте да падне месестиот дел од лимонот). Измешајте добро, но немојте да ги матите белките со миксер, туку со дрвена лажица.
Подгответе голема тепсија однапред, ставете хартија за печење. Поделете го тестото на приближно 50 топчиња. Со дланките формирајте ја секоја топка во ролна, превртете ја во сецкани ореви и завртете ги краевите малку навнатре за да добиете форма на орев. Оревите ставете ги во рерна загреана на 200 степени, но веднаш намалете ги на 100 степени. Треба да се печат околу 20 минути, сето тоа зависи од јачината на рерната. Кога ќе се испечат, извадете ја тепсијата и оставете ги да се изладат и стегнат а дури потоа извадете ги од тепсијата.

Пријатен апетит!

Прегледи:
607
Објавено на:
19.02.2021