Категории

РЕЦЕПТ: Latte со вкус на тиква во домашни услови

Најомилениот напиток за есенските утра

Сакате нешто силно и неодоливо што ќе ги разбуди сите ваши чувства и ќе ви даде мотивација за денот кој ви претстои? Дали некогаш сте пробале Latte кафе со сируп од тиква? АКо не сте, тогаш ви донесуваме рецепт директно од Starbuck тајната кујна, до вас пристигнува рецепт како да го подготвите во вашиот дом.

СОСТОЈКИ ЗА ДОМАШЕН СИРУП ОД ТИКВА:

  • ½ шолја шеќер
  • ½ шолја вода
  • 6 стапчиња цимет
  • 1 лажица мелено каранфилче
  • 1 лажица мелен ѓумбир
  • 2 лажици мелено мускатно оревче
  • 4 лажици каша од тиква

ПОДГОТОВКА:
Водата и шеќерот ставете ги во мал лонец и ставете ги на тивка температура додека шеќерот не се стопи. Кога ќе се растопи додадете ги стапчињата цимет, меленото каранфичле, ѓумбирот, мускатното оревче и пирето од тиква. Гответе уште 20 минути. Отстранете од огнот и исцедете низ газа (можете да користите и филтер за кафе).

СОСТОЈКИ ЗА LATTE ОД ТИКВА:

  • млеко
  • 3 лажици сируп од тиква
  • 1 лажица еспресо кафе
  • ½ шолја шлаг

ПОДГОТОВКА:
Загрејте го млекото на тивок оган. Ако сакате студенo Latte, прескокнете ја ова постапка и користете коцки лед пред да го додадете шлагот. Направете еспресо со водата. Ставете го во чаша и послужете со сируп од тиква, додадете го врелото еспресо и измешајте. На крајот додадете го млекото и декорирајте со шлаг. Посипајте прав од тиква.

Прегледи:
679
Објавено на:
02.10.2020