Категории

РЕЦЕПТ: Леб од тиква – Нешто што морате да го пробате

Ако никогаш досега не сте пробале леб од тиква, тогаш крајно време е да го направите тоа. Всушност време е да го направите сами и да ги изненадите домашните, пријателите или гостите. Лебот од тиква можете да го јадете за појадок, ручек или како десерт, а воедно е и вегански. Совршено јадење за студените есенски денови.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 300 гр. пире од тиква
  • 500 гр. брашно
  • масло
  • 2 јајца
  • екстракт од ванила
  • ½ кафена лажица сол
  • ½ кафена лажица сода бикарбона
  • прашок за пециво
  • 1 кафена лажица џимет
  • ½ кафена лажица ѓумбир
  • ¼ кафена лажица морско оревче
  • 1/8 кафена лажица каранфилче

 

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте една чаша од пирето од тиква со јајцата, маслото и ванилата потоа додадете го и шеќерот и добро измешајте.
Во друг сад измешајте ги брашното, солта, сода бикарбона, печиво и зачини. Потоа додете ги во садот со пирето и добро мешајте се додека смесите не се соединат.
Во сад за печење прерходно обложен со харија ставете и печете 45 минути.
Со чепкалка проверете дали е печен – боцнете и доколку чешкалката излезе чиста, лебот е готов.

Прегледи:
799
Објавено на:
05.11.2020