Категории

РЕЦЕПТ: Лесни плескавици од тиквички и сланина за брз вкусен ручек

Доколку не знаете што да подготвите денес за ручек, еве ви одличен предлог

Состојки

  • 2 тиквички
  • сол, бибер
  • 2 јајца
  • 50 гр. сланина
  • млад лук
  • 120 гр. брашно
  • 10 гр, прашак за пециво
  • кисела павлака

Подготовка:
Изрендајте ги тиквичките и посолете ги, оставете 20 минути и потоа исцедете ги .
Изматете ги јајцата и додадете ги тиквичките, додадете и ситно сецкан млад лук, сланина, брашно, бибер и прашак за пециво.

Измешајте ги сите состојки и направете плескавици па испржете ги на маст додека не поруменат.
Прелијте кисела павлака и посипајте малку млад лук.

Прегледи:
684
Објавено на:
19.08.2020