Категории

РЕЦЕПТ: Летна верзија на омилениот компот кој го јадеме во зима

Омилениот компот кој го обожаваме во зимските денови кога температурите се под минусот, има и своја летна верзија во која ќе можеме да уживаме и во текот на врелите денови.

СОСТОЈКИ:

  • кајсии од 3 кг
  • 2 поголеми јаболка
  • 1,5 кг праски
  • 1 кг нектарини
  • 2 поголеми портокали
  • 3 лимони
  • свежо нане
  • шеќерна вода


ПОДГОТОВКА:
Овошјето добро измијте го и исечкајте го по желба. Потоа наредете во претходно стерилизирани тегли, додајте две лажици кристален шеќер во секоја тегла и истурете ладна вода. Повторувајте го процесот додека имате овошјје. Потоа ставете ги убаво затворените тегли во рерна 90 минути на 90 степени, а потоа исклучете ги и оставете ги преку ноќ.
Пријатно!

Прегледи:
613
Објавено на:
22.06.2021