Бургерот претставува еден од омилените оброци на љубителите на месо. Но, постојат многу состојки кои можат сосема да го променат неговиот вкус и да го направат уште понеоодлив. Погледнете го овој рецепт за латино бургер.
Состојки:
- домашно пециво (брашно 00, путер, јајца, шеќер, млеко, сув квасец)
- јунешка плескавица
- чедар сирење
- зелена салата
- сланина
- гвакамоле намаз
- зрело авокадо
- сок од лимета
- свеж лук
- маслиново масло
- лист од коријандер
- сол
- пипер
- сос за скара
- 1 л кечап
- 1 лимон
- 3 стапчиња цимет
- 1 дл сос од соја
- 0,0 л јаболков оцет
Подготовка:
Испечете ја плескавицата да биде средно печена за да остане сочна, а пецивото малку потпечете го. Во бургерот ставете ја плескавицата, сирењето, салатата, а сосот за скара и гвакамоле намазот ставете ги по желба, но не претерувајте. За гвакамоле намазот измешајте ги сите состојки, а за сосот за скара ставете ги сите во лонец, освен лимонот и циметот и потоа оставете ги во лонецот 30 минути. Процедете ги сите низ ситно цедило, повторно ставете ги на оган уште 30 минути се додека не згусне.