Категории

Рецепт: Направете зелен сок за алкализација на телото и забрзување на варењето

Постојат низа причини поради кои секој ден треба да се пијат зелени сокови, а една од поважните е што го алкализираат организмот и ја намалуваат неговата киселост. Здрава исхрана подразбира внесување на киселини и алкални намирници во правилна мера. Но, во современата прехрана преовладува храна која во телото создава кисела состојба.

Зелените кашести сокови помагаат во борбата против инфекциите, запаленијата, имаат антиоксидантно дејство, го отстрануваат непријатниот здив, го подобруваат варењето.

Рецептот за „зелениот чистач“ ги содржи овие состојки:

  • три стебленца целер
  • една рака млад спанаќ
  • една китка магдонос
  • еден морков
  • една краставица
  • 1/2 лимета
  • лажица ленено или масло од авокадо

Подготовка: Добро измијте ги целерот и спанаќот. Целерот ставете го во соковникот. Кога ќе добиете сок, додадете го морковот на кој претходно треба да му ги исечете краевите. Потоа во соковникот ставете ја излупената краставица, па спанаќот. Потоа додадете го магдоносот. Истурете го сокот од овие состојки во чаша, а потоа добро промешајте и додадете исцеден сок од лимета. На крај, додадете го маслото одозгора.

Прегледи:
650
Објавено на:
07.03.2018