Категории

РЕЦЕПТ: Пралини од тиква – Совршен есенски десерт

Кремаста, зачинета тиква одвнатре и темно чоколадо однадвор се совршен спој за вистинскиот есенски десерт.

Готови за речиси неколку минути (ако имате готово пире од тиква, што дефинитивно треба да имате во оваа доба од годината затоа што можностите се безбројни), а малку поинаков и поинтересен од вообичаените десерти и слатки како пити и колачи, ќе ве освои со својот неодолив и богат вкус.

СОСТОЈКИ:

  • ½ шолја пире од тиква
  • 1 лажица мешавина од зачини (цимет, ѓумбир, кардамом)
  • прстофат сол
  • ½ шолја јаворов сируп
  • 1 шолја брашно од бадем
  • 3 лажици какао путер (стопен)
  • 100 гр. темно чоколад

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте го пирето, зачините, сирупот и путерот во еднолична смеса. Додадете брашно од бадем и повторно мешајте. Ставете ја смесата во замрзнувач на кратко додека малку не се стврдне за полесно да можете да ги обликувате слатките.

Со влажни раце обликувајте ја смесата и ставете ја во заврзнувач.
Стопете го чоколадото и стврднатите топчиња натопете ги во него. Наросете со мелени кекси (опционално).

Ставете во замрзнувач сосема да се стврднат. Чувајте ги во замрзнувачкот.

Прегледи:
1007
Објавено на:
14.10.2020