Категории

Рецепт против стомачни болки – јадење живи жаби? Да, и тоа го има!

Кинезот Djiang Museng веќе 40 години јаде живи жаби и глувци. Пензионираниот кинез тврди дека оваа практика му влијае многу добро на здравјето.

Имено, тој страдал од проблеми со варењето на храната и упорна кашлица уште од неговите 26 години. По извршените прегледи бил поставен на терапија која редовно ја примал. Се до еден ден кога некој старец му предложил наместо таблети да почне да јаде живи жаби. Мусенг на почетокот бил скептичен, но кога го видел старецот како проголтал две жаби во негово присуство решил да се обиде. По еден месец терапија со жаби веќе почнал да чувствува подобрување, па затоа решил да продолжи. Со текот на времето вовел и живи глувци во менито. Сега вели дека се чувствува одлично, а рекордот му е 20 глувци во еден ден.

Прегледи:
783
Објавено на:
18.02.2019