Категории

Рецепт за брз чизкејк со јагоди: Десерт кој се служи во чаша

Ова е вистинско време да направите десерт кој што воедно и ќе ве освежи и ќе ве маѓепса со својот вкус!

Состојки:

  • 125 грама маскарпоне сирење
  • 150 грама јагоди
  • 4 тврди бисквити
  • 1 лимон
  • 1 лажица кристален шеќер
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 1 лажица путер

 

Подготовка:

Во тенџере загрејте ги исчистените јагоди, шеќерот и една лажица сок од лимон. Мешајте три до четири минути додека не се растопи шеќерот и јагодите не омекнат.

Издробете ги убаво бисквитите и измешајте ги со растопениот путер. Добиената смеса ставете ја во две чаши.

Во друг сад измешајте го сирењето, преостанатиот сок од лимон и шеќер во прав.

Ставете го крем сирењето над бисквитите, а над кремот сосот од јагоди.

Послужете веднаш!

Прегледи:
856
Објавено на:
27.10.2019