Категории

РЕЦЕПТИ: Највкусните мафини со боровинки и чоколадо

Еден од омилените десерти кој ќе го правите секогаш кога ќе посакате нешто слатко

Состојки:

  • 2/3 шолји шеќер
  • 1 јајце
  • ½ шолја масло
  • 1/3 шолја млеко
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • ¼ шолја брашно
  • 1 лажица прашок за пециво
  • прстофат сол
  • ½ шолја кисела павлака
  • боровинки и чоколадо исецкано на коцки

Начин на подготовка:
Вклучете ја рерната и загрејте ја на 190 степени, калапите за мафини премачкајте ги и ставете хартиени корпички.

Шеќерот, маслото, јајцето, млекото и ванилата ставете ги во сад и матете се додека смесата не се соедини, додадете го брашното, прашокот за пециво и измешајте се додека смесата не биде без грутки.
После тоа додадете ја киселата павлака и овошјето и чоколадото. Лесно мешајте за да не се згмечат и ставете ги во калапите така што ќе ги наполните корпичките до половина.
Распоредете рамномерно и печето 25 минути.

Прегледи:
2302
Објавено на:
24.08.2020