Категории

Со ревијата на Louis Vuitton затворена париската модна недела

Дизајнерот Nicolas Ghesquiere ја претстави колекцијата за пролет/лето 2018 инспирира а од street style модата но со пресврт од 18 век.

Модната куќа Louis Vuitton ја одржа завршната ревија на париската модна недела во најпознатиот музеј во светот – Лувр. Креативниот директор за топлата сезона ги помеша модерното со историското како вистински мајстор кој е познат по своите класично-футуристички дизајни.

Николас почетната точка ја пронајде во аристократската француска облека од 18 век. Кратките винтиџ јакни со дупли копчиња, кошулите со карнери и панделки пронајдоа место во комбинација со спортски парчиња на пруги, атлетски шорцеви, металик панталоно и гломазни патики. Вечерните женствени фустани секако не беа изоставени.

Она што ја изненади публиката беа маиците со натпис “Stranger Thing” што беше јасен знак дека дизајнерот е страсен обожавател на популарната Netflix серија.

Погледнете лако изгледаше последната ревија за оваа сезона.

Прегледи:
838
Објавено на:
08.10.2017