Иако станува збор за пријателски натпревар, и за земја каде фудбалот и не е најпопуларен – Австралија – сепак ваквиот расплет на настаните е навистина неверојатен и заслужува посебно место во историјата на фудбалот.
На пријателскиот натпревар помеѓу Голд Сити и Холанд Парк во Австралија видено е нешто неверојатно. Не постои поинаква констатација за сето она што се случи во претсезонскиот дуел на овие два клуба.
Имено, во 63. минута Голд Коуст Сити губеше со 6:1. Сите очекуваа дека тоа ќе биде тежок пораз за споменатата екипа. Но, тогаш се случи неверојатна промена.
Фудбалерите на Голд Коуст одиграа неверојатни половина час. Успеаја најпрво да израмнат, а потоа во судиското надополнување да постигнат уште два гола за конечни 8:6!
Англичаните веќе констатираа дека станува збор за најлудиот натпревар викендов, а ние потполно ги поддржуваме.