Категории

Ричард Гир: Бидете откачени. Бидете љубезни. Бидете чудни. Нема време за ништо друго.

Мајката на мојот пријател се хранеше здраво цел живот. Никогаш не консумираше алкохол ниту пак било какво „лоша“ храна, вежбаше секој ден, беше активна, земаше сумплементи кои ги препорачуваше докторот, никогаш не излегуваше на сонце без заштита – практично го штитеше своето здравје најдобро што можеше. Денес има 76 години, има рак на кожа, рак на коскена срцевина и екстремна остеопороза. 

Таткото на мојот пријател јаде сланина преку сланина, путер преку путер, маст преку маст, никогаш не вежбал, се изложувал на сонце сѐ додека не изгори, го живеел животот до максимум како што сака, а не како другите му сугерираат. Тој денес има 81 година и докторите велат дека здравјето му е како на млада личност.

Луѓе, не можете да се скриете од својот отров. Тој е таму некаде и ќе ве пронајде, а според зборовите на мајката на мојот пријател која сѐ уште е жива: „Да знаев дека животот ќе ми се заврши на ваков начин, повеќе ќе живеев до максимум, уживајќи во сѐ што ми велеа дека не треба!“

Никој од нас нема да се извлече жив, затоа ве молам да престанете да се однесувате кон себе онака како другите ви наметнуваат. Јадете ја таа вкусна храна, шетајте на сонце, скокнете во океан. Кажете ја вистината која ја носите во своето срце како скриено богатство. Бидете откачени. Бидете љубезни. Бидете чудни. Нема време за ништо друго.

Без обзир дали станува збор за приказната која потекнува од познатиот актер или не, пораката е јасна: не се опседнувајте со нешто само затоа што станува збор за тренд или нечија препорака: умереноста е мајка и живејте го животот со полн здив.