Рики Мартин призна дека е отворен за секс со жени, но емотивно би можел да се врзе само за маж.
Порториканската ѕвезда скрши милиони срца на девојките ширум светот кога откри дека е геј, но оваа изјава може да влее барем тронка надеж на многу негови обожавателки.
„Јас сум геј. Ме привлекуваа мажи, но сакам да уживам во секс во потполна слобода. Затоа сум отворен и за секс со жени доколку го сакам тоа, но никогаш не би можел да бидам во емотивна врска со нив. Во тој поглед ме интересираат само мажи“, изјави Мартин.
Познатиот пејач веќе 14 години бил во врска со мексиканската телевизиска ѕвезда Ребека де Алба, а потоа стана татко на близнаците Матео и Валентино кои ги роди сурогат мајка.
„Знам дека сум привлечен и за мажите и за жените и не верувам во сексуални етикети. Ние сме едноставно човечки битија со емотивни и сексуални потреби“, додава Рики Мартин.