Категории

Ритуали за среќа и успех

 Среќата и успехот не се дефинирани со она што другите го сметаат за добро туку е она што не исполнува и ни дава смисла во нашиот живот.

За да се чувствуваме добро и успешно потребно е да го искористиме личниот потенцијал и нашите можности колку што можеме подобро.

Најдобар начин тоа да го постигнеме е да воведеме секојдневни ритуали кои ќе не однесат во саканата насока.

1. Имајте визија

Што е тоа што го сакате? Замислете ги и секојдневно визуализирајте ги вашите лични желби.

2. Сакајте се себе си

Љубовта спрема сама себе и прифаќањето на тоа каква сте се клучни елементи за постигнување на задоволство. Немојте да бидете премногу критична кон себе, напротив бидете горда на тоа која сте и што правите.

3. Внимавајте што внесувате во телото

Здравата и урамнотежена исхрана е добра за телото, кожата и за сите органи. Редовната и здрава исхрана ќе направи да се чувствувате здраво и среќно.

4. Мислете на своето тело

Едноставните вежби како пешачење и истегнување нека бидат секојдневен ритуал.

5. Спијте доволно и добро

Сонот го освежува нашето тело и обезбедува одмор на нашиот ум.

Но важен е и квалитетот на сонот. Спијте редовно и пронајдете начин со кој лесно ќе заспивате како ароматерапија, билен чај, туширање и слично.

6. Контролирајте го стресот

Кога сте под стрес обидете се да останете смирена и не го губете во целост доброто расположение бидејќи се што е лошо ќе помине…

7. Сакајте го тоа што го работите

Кога ќе се сконцентрирате на секоја задача посебно вашиот ден ќе биде подобар и поуспешен.

8. Живејте во сегашноста

Дали постојано се грижите за тоа што ќе се случи во иднина?
Ако тоа го правите често, вратете се во реалноста и сконцентрирајте се на тоа што во моментот го правите. Уживајте во секој момент од животот.

9. Пронајдете ја својата мантра

Дури и најобичните задачи како готвење и чистење можете да ги претворите во моменти за медитација. Обидете се и ќе видите како една едноставна промена може да ви го разубави денот.

10. Бидете доживотен ученик

Животот ни нуди многу, затоа отворете го умот и сочувајте ја желбата за знаење и откривање на нови нешта.

11. Спротивставете им се на своите слабости

Соочете се со слабостите. Почнете така што ќе ги истакнете своите силни страни и зголемете ја самодовербата.

12. Бидете благодарна

Благодарноста нека стане ваш животен стил. Благодарноста шири насмевки и чувство на исполнетост.

Прегледи:
1567
Објавено на:
20.08.2016