Категории

Роби Вилијамс проговори за депресијата

Роби Вилијамс проговори дека тој се борел со депресијата. Во тоа време, оваа болест воопшто не била призната како болест и поради тоа, тој бил присилен сам да се справува со неа како знае и умее.

Роби Вилијамс ги откажа двата последни настапи од неговата европска турнеја во септември, откако докторите му открија некои абнормалности во мозокот и го испратија во болница.

Пред неговиот настап во Цирх, Роби призна дека не можел да дише зад сцената. Исто така ја изгубил силата во неговата лева рака и се тресел.

Сепак, тој успеал да го издржи концертот, но на испитувањата на крвта направени потоа и низата скенирања на срцето и мозокот му откриле некои абнормалности и нешто што изгледало како крв на мозокот. По една седмица испитувања докторите го испратиле на 2-месечно домашно лекување во неговиот дом во Лос Анџелес.

 

Прегледи:
413
Објавено на:
14.12.2017