Категории

Романтичната колекција на Valеntino

После изјавата на Maria Grazia Chiuri, дизајнерката која го изгради Valеntino во она што е денес, дека ја продолжува својата кариера во модната куќа Dior, настана голема врева околу доаѓањето на новиот дизајнер Pierpaolo Piccioli на нејзино место и скептицисмот околу тоа дали тој ќе може да ја одржи визијата на магичниот свет на етеричната женска убавина по која е поснат овој бренд.

Сите тие мистерии беа разрешени овој викенд кога Валентино ја претстави својата нова колекција за пролет/лето 2017 во Парис во чии први ѕвездени редови седеше и самиот Valentino Garavani – создавачот на оваа иконска модна куќа. Силниот аплауз и скандирање значеше дека портите кон славата на новиот дизајнер се веќе отворени.

Богатите креации во ренесансен дух, и виртуозните техники на високата couturе мода испреплетена низ нишките на уличниот стил на младите од ’70тите, женствената естетика во која нема место за агресивната голотија, прошетаа низ Хотелот Salomon de Rothschild Salomon de Rothschild во Париз и повторно ги освоија срцата на фанатиците на овој бренд.

Прегледи:
1028
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
05.10.2016