Категории

Росица од XXL – 17 години подоцна! (ФОТО)

XXL беше македонска женска поп група од Скопје која со својата дебитантска песна „100% те љубам“ победи на Скопскиот фестивал и ја претставуваше Македонија на Евросонг 2000 во Стокхолм, Шведска. За песната беше снимена и англиска верзија на песната, со наслов “I love you 100%”.

Членуваа четири девојки, тогаш тинејџерки – Марија Николова, Ивона Џамтовска, Росица Николовска и Верица Каранфиловска (ќерка на познатиот македонски композитор и изведувач Драган Каранфиловски – Бојс), која набрзо по настапот на Евросонг 2000 ја напушти групата и накусо се обиде да направи соло кариера со песните „Заведи ме“ и „Романтична“.

Според последните информации Верица заврши Филолошки факултет во Скопје, сега веќе работи во Катар, Марија е правник во Комерцијална Банка, Ивона е мажена неколку години и има син, како и Росица. Сигурно се сеќавате на тогаш слатки девојчиња. Денес, 17 години подоцна Росица изгледа вака, мажена е и има син!

Фотографии со нејзиното семејство

Извор : story.mk

Прегледи:
2146
Објавено на:
24.03.2017