Категории

Русија го забрани новиот филм на Дизни „Убавицата и ѕверот“ поради геј сцени

Русија го забрани најновиот филм на Дизни „Убавицата и ѕверот“ за помладите од 16 години откако еден ултраконзервативен пратеник побара забрани поради прикажување на геј сцени, пренесуваат руските медиуми.

 

„Филмот ќе се прикажува но ќе биде забранет за оние кои се помлади од 16 години“, рекол портпаролот на руското министерство за култура, пренесува руската новинска агенција РИА Новости.

 

Компанијата „Волт Дизни“ во Русија потврди дека филмот ќе прикажува на руска територија со ова ограничување. Режисерот на филмот Бил Кондон неодамна откри дека „Убавицата и ѕверот“, чиј почеток на прикажување во Русија е предвиден за 16-ти март, ја содржи првата геј сцена во историјата на Дизни.

 

Рускиот пратеник Виталиј Милонов, познат по хомофобните изјави, ја поздрави ваквата одлука на руските власти.

Извор : Макфакс

Прегледи:
512
Објавено на:
08.03.2017