Безвременскиот хит на Тоше Проески „Боже чувај ја од зло“ претставува предизвик за многу пејачи да го изведат и тоа е сосема во ред. Но, деновиве се појави видео на ЈуТјуб од една руска рок група која што го претстави својот официјален спот за песната „Боже“. Спорниот момент во целата песна е тоа што таа е комплетен плагијат на големиот хит на Тоше „Боже чувај ја од зло“, а како автор на музиката се потпишува извесниот Владимир Трушин.
Ова видео наиде на многу негативни коментари и негодување по социјалните мрежи поради тоа што набргу се откри дека стааанува збор за еден плагијат, кој по мислењето на многумина е неуспешен. Слушнете го сами и проценете!
А во продолжение да се потсетиме на оригиналната верзија од нашиот Тоше.