Категории

Сѐ што може да се купи со пари веќе е евтино: Цитати од големиот писател Џорџ Бернард Шо

Ирскиот драматург, новинар и писател Џорџ Бернард Шо бил човек со неверојатен ум и вешто перо, а неговите поуки и денес може да променат разни аспекти од животот. Добитник е на Нобелова награда за книжевност, но ја одбил паричната награда, по што добил бројни писма да ги даде парите на други луѓе ако не му требаат. Саркастично изјавил: „На Алфред Нобел може да му се прости што го измислил динамитот. Но, само непријател на човечкиот род може да ја измисли Нобеловата награда.“

Ова се некои од неговите најпознати мисли:

„Животот ги изедначува луѓето. Смртта ги открива истакнатите.“

„Секој што тврди дека бракот е лотарија, ù прави лоша реклама на лотаријата.“

„Прашања на кои е најтешко да се одговори, се оние чиј одговор е очигледен.“

„Опасно е да бидете искрени, ако истовремено не сте и глупави.“

„Многу одамна научив дека никогаш не треба да се борите со свиња, зашто на крајот и двајцата ќе се извалкате, но свињата ќе ужива во калта.“

„Не престануваме да играме бидејќи сме остареле, туку остаруваме бидејќи престануваме да играме.“

„Демократијата е процес кој ни гарантира дека нема да добиеме подобро владеење од она кое го заслужуваме.“

„Мажите посакуваат сè што немаат, а жените само она што го поседуваат другите жени.“

„Никогаш немој да му одолеваш на искушението. Пробај сè, а цврсто држи се до она што е добро.“

„Потрудете се да го добиете она што го сакате, во спротивно ќе ве принудат да го сакате она што ќе го добиете.“

„Оптимистите и песимистите подеднакво придонесуваат за општеството. Оптимистите го измислиле авионот, а песимистите падобранот.“

„Лоши луѓе се оние кои не знаат за љубов, и затоа не знаат ни за срам. Тие имаат снага да побараат љубов, бидејќи не им треба, и имаат храброст да ја нудат, бидејќи немаат што да дадат.“

„Куќата е затвор за девојките, а работилница за жените.“

„Кој има волја, има и начин.“

„Кога ќе го удрите своето дете, потрудете се да бидете гневни, дури и по цена да му нанесете голема болка. Ладнокрвниот удар, не може и не смее да се прости.“

„Не е вистина дека власта ги расипува луѓето. Вистина е дека ако будалите дојдат до власт, ја расипувааат власта.“

„Доблеста не е во воздржување од пороците, туку во немањето желба за нив.“

„Алчноста за пари е извор на сите зла.“

„Младоста е потрошена на младите.“

„Нема поискрена љубов од љубовта кон храната.“

„Комарците само нè потсетуваат дека ние не сме на врвот на синџирот на исхрана.“

„Ако се скинат сите конци, човек ќе нема повеќе ни на што да се обеси.“

„Не знае ништо, а мисли дека знае сè. Очигледно е дека ќе има политичка кариера.“

„Животните се мои пријатели, а јас не ги јадам пријателите.“

„Луѓето кои велат дека нешто не може да се направи, не треба да ги прекинуваат оние кои веќе го прават тоа.“

„Секогаш бидете чисти, бидејќи вие сте прозорецот низ кој го гледате светот.“

„На крајот, и погрешниот пат секогаш води некаде.“

„Правило е никогаш на своето дете да не му давате книга, која ни самите не би ја прочитале.“

„Кога човекот убива тигар, тоа се нарекува спорт, а кога тигарот убива човек, тоа е крвожедност.“

„Животот потрошен на правење грешки е пострашен, но и покорисен од животот потрошен на неправење ништо.“

„Животот не престанува да биде смешен кога луѓето умираат, исто како што не престанува да биде сериозен кога луѓето се смеат.“