Вие, како нејзин партнер, треба понекогаш да ја поттикнувате на грижа за себе, затоа што таа никогаш нема да биде свртена кон своите потреби, поради што ќе мора да ја научите на таа вештина. Морате да ја научите дека ставањето на нејзините потреби, пред потребите на другите не е исто со себичноста, затоа што таа ја презира себичноста. Самотијата ја плаши, а срцето често ѝ е скршено. Ќе се чувствува осамено и тажно заради многу работи во реалниот свет, но вие никогаш не треба да бидете тој кој ќе го скрши нејзиното срце. Вие сте тука како нејзина најголема утеха и поддршка.
Доколку сакате да го освоите срцето на Вагата, тоа треба да биде засекогаш. Вагите се најпосветени и највнимателни партнерки. Мора да се прилагодите на нејзината променлива природа. Жената Вага понекогаш се чувствува изгубено, ќе ѝ биде потребна топла прекривка, црно – бел филм и тишина. Но, понекогаш сака друштво, забава, полноќни прошетки и длабоки, интимни разговори.
Убаво би било често да ја потсетувате дека е убава, сакана и најважно – обожувана. Таа сака и авантури. Сака самотија, но не сака да биде оставена сама. Едноставно прифатете ги нејзините контрадикторности и засекогаш ќе развие доверба во вас.
Вагите имаат потреба од партнер кој го краси силна одлучност, затоа што најчесто тие не ја поседуваат оваа особина. Таа ќе ве изненади со спонтаноста, а вие ќе се воодушевувате на леснотијата со која се посветува на вас и на луѓето кои ги сака. Прифатете го фактот дека за Вагите не постои „очигледен избор“ и секогаш помагајте ѝ да го најде вистинскиот пат.
Да се сака Вага, значи да се сака самата љубов. Таа сака сè што е поврзано со љубовта: врските, откритијата, болното срце, занесот, самата идеја за љубовта – сето тоа таа го става во еден кош и едноставно се препушта на магијата. Таа сака страст. Вагата пронаоѓа добри нешта во речиси секоја личност, но од партнерот бара интелигенција и хумор. За неа нема ништо попривлечно од паметни луѓе. Кога се расправате со Вага, бидете внимателни со зборовите. За неа секоја кавга е крај на светот, а тоа понекогаш ќе ја уништи. Но, тие недоразбирања можете да ги искористите на еден креативен начин. Секој конфликт можете да го гледате како можност за раст – тоа е почеток на нови нешта. Сепак бидете искрени кон неа. Кога вагата се расправа, вообичаено таа е во право, затоа што жената Вага по природа е праведна и фер.
Потрудете се Вагата до вас секогаш да биде среќна и задоволна, затоа што кога таа е исполнета со позитивна енергија, за неа не постојат граници, таа може да го преземе светот во свои раце. Таа верува во добрината на луѓето, во магија и пред сè во среќа до крајот на животот. Доколку сакате Вага, мора да верувате во неа и во сето она што таа го носи со себе. Искреноста и љубовта се нејзините движечки сили.
1 2