Категории

Сакајте се себеси и своето тело: Смуди од морков за рамен стомак! (РЕЦЕПТ)

Знаеме дека не е едноставно цврсто да се одлучите да започнете со поригорозен режим на исхрана, но сепак некои навики мора да се променат!

Ви претставуваме рецепт за смуди од морков, богат со витамини и протеини, идеален за појадок, кој ќе го разбуди вашиот метаболизам наутро и ќе допринесе вашиот стомак да биде перфектен во текот на летото со малку труд.

Состојки:

Два излупени и исечкани моркови, 1/2 банана, шолја млеко од соја, 1/2 лажичка протеин од чоколадо, една рака суво грозје, 1/2 лажичка цимет, 1/2 лажичка мелен каранфил. Сите состојки ставете ги во блендер. Практикувајте ова смуди да ви биде прв оброк и за кратко време ќе ги видите првите резултати.

 

Прегледи:
537
Објавено на:
04.06.2018