Категории

Само 1% од луѓето имаат нетолеранција на глутен, другите глумат

Ова се црни денови за глутенот… Сѐ повеќе луѓе го исфрлаат од исхраната, а потоа ги убедуваат и сите други околу нив дека е добро да ги следат.

Зошто толку луѓе во последно време одбираат да купуваат намирници кои не содржат глутен? Дали навистина нетолеранцијата на глутен е толку почеста од претходните години? Одговорот е не!

Целијачната болест, генетското пореметување кое го предизвикува нетолеранцијата на глутен, го има само 1% од луѓето и тој процент не е зголемен во последните неколку години. За оние кои ја немаат оваа болест, а тврдат дека се наводно чувствителни на глутен, науката вели дека е малку веројатно.

Авторот на книгата “Глутенска лага”, професорот Алан Левиновиќ, ги следел промените до кои доаѓа кога луѓето ќе го исфрлат глутенот од исхраната и вели дека во таквите случаи подобрувањето на општата здравствена состојба може да се препише на комбинација на промени во однесувањето и убедувањето дека исфрлувањето на глутенот е добро за нас.

Книгата всушност е базирана на неговите разговори со гастроентерологот Питер Гибсон, кој бил ко-автор на студијата чии резултати покажале дека пречувствителноста на глутен која не е последица на целијачната болест едноставно не постои.

Луѓето навистина се чувствуваат подобро кога ќе го исфрлат глутенот од исхраната, но тоа нема никаква врска со глутенот, туку со фактот дека тоа подразбира потполно нов, поздрав режим на исхрана.

“Најчесто тоа што се исфрла глутенот од исхраната значи и исфрлање на брзата храна и водење на поздрав начин на живот. Па така, луѓето ќе прочитаат нешто за безглутенска исхрана, почнуваат да јадат повеќе овошје и зеленчук, почнуваат подобро да се хранат и секако – се чувствуваат подобро. Но, сите го занемаруваат тоа дека ‘нетолеранцијата’ на глутен нема апсолутно никаква врска со тоа”, вели д-р Гибсон.

Ако сте го исфрлиле глутенот од исхраната и ослабеле, тогаш најверојатно станува збор за комбинација од повеќе фактори.

“Лесно е да се обвини глутенот, но во најголем број од случаите се работи за тоа што луѓето едноставно почнуваат да бираат поквалитетни намирници. Но, луѓето не сакаат да прифатат дека таа опседнатост со безглутенска исхрана всушност е само од психолошка природа”, вели Левиновиќ.

Она што треба да го знаете е дека храната која не содржи глутен не е поздрава од онаа која не го содржи. Па така, освен ако немате некоја здраствена причина да го избегнувате глутенот, нема потреба да го исфрлате од исхраната. Глутенот е присутен во многу намирници на база на јаглени хидрати, од кои некои зе нездрави, па можеби поради тоа има таква репутација, но глутенот самиот по себе не е нездрав.

Прегледи:
506
Ознаки:
· ·
Објавено на:
26.09.2016