Категории

Само бидете трпеливи – на крај сѐ ќе биде во ваша корист

Бидете трпеливи, бидејќи кога брзате, импулсивно ги рушите сценаријата кои универзумот ги подготвил за вас. Само бидете трпеливи. Дури и ако денес не мислите така, на крај сѐ ќе излезе во ваша корист.

Само бидете трпеливи и ќе сфатите зошто на некои луѓе не им е судено да останат во вашиот живот. Одеднаш јасно ќе го видите нивното вистинско лице. Ќе видите како се однесуваат кон другите луѓе. Ќе видите како живеат и како дишат. И тогаш ќе сфатите зошто тие луѓе не можеле да внесат ништо добро во вашиот живот, и дека воопшто немале намера да го направат тоа. Ќе сфатите дека токму нивното присуство во вашиот живот само би ве исцрпило и разочарало.

Само бидете трпеливи и кармата ќе се погрижи за правдата. Оние кои ве лажеле и издале, ќе го добијат својот одговор од судбината. Животот има еден смешен трик – бумеранг. Сѐ што говориме и правиме ни се враќа.

Само бидете трпеливи и пуштете ја кармата да го направи она што треба наместо вас. Да, мора да причекате. Понекогаш и подолго. Унверзумот е така уреден да одговори на сите прашања и триумфот на правдата не доаѓа веднаш. Но, сѐ ќе дојде на свое место, тоа е сигурно.

Одговорот ќе дојде сосема неочекувано. На пример, едно утро заедно со првото кафе.

Само бидете трпеливи и гледајте како вербата ви помага да добиете сѐ што некогаш сте посакувале, дури и повеќе. Бидете трпеливи и ќе видите како победувате во секоја битка за која некогаш сте мислеле дека е изгубена.

Прегледи:
835
Објавено на:
29.12.2021