Категории

Само Лејди Гага може да спортува облечена вака

Музичката ѕвезда која е позната по своите екстремно екцентрични стајлинзи овој пат замина во крајност кога се работи за секојдневно пешачење во природа избирајќи сосема шокантен outfit кој потпадна под бројни озборувања и осудувања.

Таа беше забележана како спортува во придружба на Кристијан Карино облечена во краток crop top, долго тесно здолниште и чевли на висока пета од брендот Louboutin. Формалниот стајлинг предизвика исмевање помеѓу јавноста додека нејзините обожаватели го поддржаа храбриот овој нејзин храбар чекор со зборовите дека таа се труди ‘да изгледа отмено’ во секое време. Имено, ова не епрв пат Лејди Гага да се појави несоодветно облечена за одредена ситуација и настан.

Прегледи:
307
Објавено на:
27.06.2017