Категории

Само седум месеци по раѓањето на првото дете, Меган Маркл е повторно бремена

Меган Маркл и принцот Хари наводно го чекаат своето второ дете, а веќе имаат смислено и име.

Седум месеци по раѓањето на првото дете, Меган Маркл наводно е повторно бремена и чека девојче со принцот Хари, пренесуваат британските и американските медиуми.

Гласините за оваа вест започнале откако Меган на почетокот на овој месец е снимена во јавноста како се држи за стомак, а бидејќи постојано работела во бременоста со синот Арчи, јавноста заклучила дека тоа може да значи само едно.

Според американскиот ОК! Магазин, Меган ебремена околу четири месеци и чека девојче. Тие тврдат дека британската кралица ја дочекала таа вест со воодушевување и дека е пресреќна што кралското семејство ќе биде побогато за уште еден член.

„Хари веќе го одбрал името Дајана, по својата покојна мајка. Меган со тоа се сложува потполно бидејќи знае колку му значи“, велат анонимни извори.