Категории

Само за вистинските љубители на пикантниот вкус: Џем од лути пиперки е деликатес за памтење!

Ова пикантно чудо мора да го пробате!

Состојки:

  • црвени лути пиперки – 10-12 парчиња
  • кромид- 1 главица
  • лук – 2 чешниња
  • ладна вода – 125 мл
  • бел вински оцет – 80 мл
  • бел шеќер- 450 гр
  • лимунов сок од еден лимон

Подготовка:

Ги чистиме лутите пиперки од семките и дршките, а потоа го лупиме кромидот и лукот. Ги ставаме со вода во блендер и пасираме додека не добиеме хомогена смеса.

Ја ставаме смесата во тенџере а може и во длабоко тавче со дно кое не лепи и додаваме оцет, шеќер и сок од лимон. Оставаме на рингла на средна температура и мешаме додека не се стопи шеќерот.

Ја зголемуваме температурата и кога ќе проврие повторно ја намалуваме и оставаме џемот да врие на тивок оган околу 40 минути додека не згусне.

Го ставаме во мали тегли, кои веднаш ги затвораме и го вртиме со поклопецот надолу.

Не е неопходна стерилизација.

Прегледи:
558
Објавено на:
30.09.2021